Возрасен маж во струмичко живеел во вонбрачна заедница со малолетничка. Пријава е поднесена и против таткото на девојчето затоа што ја одобрил вонбрачната заедница.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против М.А.(20) од с.Дорфулија, општина Лозово и П.Б.(36) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Во периодот од јануари до април 2025 година, првопријавениот во семејна куќа во село Дорфулија живеел со малолетничка во вонбрачна заедница.
Додека, второпријавениот, татко на детето, не презел мерки за да ја спречи, туку ја прифатил и одобрил вонбрачната заедница.
Текстот Возрасен маж живеел во вонбрачна заедница со малолетничка е превземен од МАКФАКС.