Возило на АРМ кое било украдено од автосервис во Гази Баба е пронајдено на паркинг во Кисела Вода.

Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода е пронајдено нивно товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, за кое беше пријавено дека било одземено ноќта на 27/28.04.2025 од автосервис на подрачјето на Гази Баба.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Возило на АРМ украдено од автосервис во Гази Баба е превземен од МАКФАКС.