Вчера околу 20 часот на регионалниот пат село Лесново – Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода 64-годишниот В.Ј. од Злетово.
Тој управувајќи патничко возило „шевролет спарк“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.81 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Текстот Возел пијан и излетал од патот: уапсен возач од Злетово е превземен од МАКФАКС.