Вчера во 00:55 часот во Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 29-годишниот Д.В. од Крива Паланка, затоа што при увид на сообраќајна несреќа на улицата „Свети Јоаким Осоговски” во која учествувал Д.В. со патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки ознаки, било констатирано дека има 1,80 промили алкохол во крвта.

Исто така вчера, во 16:30 часот на регионалниот пат Кавадарци – село Возарци, кај место викано „Рамниште“, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 65-годишниот В.А. од село Дреново, кавадаречко, кој околу 15:20 часот управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот.

По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Текстот Возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи: уапсени лица од кавадаречко и Крива Паланка е превземен од МАКФАКС.