Возач на автомобил удри во пешаци во германскиот град Манхајм, а полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат центарот на градот.
Инцидентот се случил во центарот на Манхајм, во близина на Васертурм. Според локалните медиуми, се работи за црн теренец, кој со голема брзина удрил во пешаците.
Како што пренесува „Манхајм 24“, има неколку тешко повредени лица, а на терен се и голем број итни служби.
Според информациите на „Манхајмер морген“, најмалку едно лице загинало.
Набргу повеќе детали.
Текстот Возач се заби во пешаци во центарот на Манхајм, Германија е превземен од МАКФАКС.