Белгиската полиција утрово уапси маж вооружен со нож пред канцеларијата на белгискиот премиер во Брисел.
„Човекот со нож беше совладан од воената полиција. Мажот е префрлен во полициска станица. Во инцидентот не се повредени воените полицајци“, изјави портпаролот на премиерот Александар Де Кро.
Локалната полиција го потврди апсењето, истакнувајќи дека мажот се заканувал на воениот персонал стациониран на местото. Локалните медиуми јавуваат дека мотивите на мажот се уште не се утврдени.
Барен Лејтс, директор за комуникации на премиерот, рече дека Де Кро е „шокиран од инцидентот“. „Искрено ѝ благодариме на воената полиција. Внимателно ја следиме ситуацијата заедно со полицијата. Ни олесна што никој не е повреден во инцидентот“, изјави Де Кро преку неговиот директор за комуникации.
Текстот Воената полиција совлада маж вооружен со нож пред канцеларијата на белгискиот премиер е превземен од МАКФАКС.