Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, прогласи полициски час во центарот на Лос Анџелес од 20 часот во вторник до 6 часот наутро во среда, велејќи дека го прави тоа за да ги спречи оние кои „ја искористуваат хаотичната ескалација на претседателот“ со распоредување на Националната гарда и маринците.
„Прогласив локална вонредна состојба и воведов полициски час во центарот на Лос Анџелес за да го сопрам вандализмот и грабежите“, им рече Бас на новинарите на вечерната прес-конференција, наведувајќи значителна штета на бизнисите и имотот.
„Полицијата ќе ги уапси лицата кои го прекршуваат полицискиот час, ќе бидете гонети“, додаде таа.
Градоначалничката наскоро објави на Икс дека воведува полициски час од 20 часот (локално време) во центарот на Лос Анџелес, велејќи дека го прави тоа за да „ги спречи злонамерните актери кои ја искористуваат хаотичната ескалација на претседателот“.
„Ако не живеете или не работите во центарот на Лос Анџелес, избегнувајте ја областа“, напиша таа.
Полиција: Во тек се масовни апсења
Полициската управа на Лос Анџелес доцна во вторникот објави дека „се во тек масовни апсења“, бидејќи повеќе групи демонстранти продолжуваат да се собираат во зоната на полициски час.
„Повеќе групи продолжуваат да се собираат на 1. улица помеѓу улиците Спринг и Аламеда“, објави полицијата на Лос Анџелес на социјалните медиуми Икс.
„Овие групи се под надзор и започнаа масовни апсења“.
Текстот Воведен полициски час во центарот на Лос Анџелес: „Во тек се масовни апсења“ е превземен од МАКФАКС.