Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ ќе пропушти неколку натпревари на Јувентус. Влаховиќ се повреди вчера настапувајќи за својата репрезентација. Во финишот на натпреварот против Данска (0:0) тој побара измена.

Попладнево во медицинскиот центар на Јувентус, Влаховиќ ги обавил прегледите „Газета дело Спорт“ пренесува дека повредата не е сериозна, но не е ниту наивна.

Медицинските тестови исклучија посериозни проблеми, но потврдија дека има проблем со задната ложа. Истиот извор наведува дека состојбата на Влаховиќ ќе се следи секојдневно.

24-годишниот напаѓач ќе пропушти неколку натпревари на Јувентус, вклучувајќи и некои многу важни. Јасно е дека Србинот нема да биде во тимот на дербито од 13. коло од Серија А против Милан на „Сан Сиро“, а ќе го пропушти и натпреварот од Лигата на шампионите со Астон Вила на 27 ноември во Бирмингем.

Текстот Влаховиќ ќе го пропушти дербито со Милан и дуелот со Астон Вила во ЛШ е превземен од МАКФАКС.