Швајцарски научници утврдија дека калинките и малините го забавуваат стареењето на човечкото тело и прават да се чувствуваме и изгледаме помладо.
Резултатите покажуваат дека високото ниво на соединението уролитин А ги стимулираат гените кои го запираат слабеењето и стареењето на мускулите во телото.
-Сознанијата изградени и врз основа на претходни претклинички испитувања, навистина разјаснуваат како уролитинот А може од корен да го промени човековото здравје, рекол професорот Јохан Оверкс од Федералното политехничко училиште во Лозана.
На овој начин, експертите ги докажаа подмладувачките својства на ова соединение без да има какви било несакани ефекти.