Состојки:

300 гр ориз
голема главица кромид
2 моркови
200 гр грашок
2 црвени пиперки
300 гр бело месо
зачини по желба

За запршка:

2 мали лажици пипер
1 лажичка брашно
1 dl вода
малку масло

Подготовка:

Зеленчукот прво треба да се исече на ситни парчиња, а потоа да се почне со пржење. Така пропржете го кромидот, па додадете го морковот, а неколку минути подоцна и грашокот.

Додека сето ова се пржи, сварете го оризот за подоцна да го измешате со веќе испржениот зеленчук.

Кога зеленчукот ќе се испржи, додадете го и сечканото пилешко. Потоа додадете го оризот да се динста заедно со сите состојки. Повремено додавајте вода за храната да остане сочна.

Кон крајот пропржете ги состојките за посипите и додајте ги во рижото. Гответе уште неколку минути и тргнете го од оган.