Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ги негираше тврдењата на неименуван функционер на палестинското милитантно движење Хамас дека групата го прифатила неговиот предлог за прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците во Газа.
„Она што го видов од Хамас е разочарувачки и целосно неприфатливо“, изјави Виткоф за новинската страница „Аксиос“, објави „Тајмс оф Израел“.
Виткоф рече дека Израел е подготвен да се согласи на привремен прекин на огнот, што би вклучувало враќање на половина од заложниците, и живи и загинати, што би „довело до суштински преговори за наоѓање пат кон траен прекин на огнот“.
„Тој договор е на маса. Хамас треба да го прифати“, рече Виткоф, пренесува Танјуг.