Кога човековото тело е изложено на сонце, по природен пат се создава витамин Д, кој е познат и како сончев витамин. Витаминот Д, заедно со витамините А, Е и К спаѓаат на групата витамини растворливи во масти.
Зошто ни е потребен витаминот Д?
Главната улога на витаминот Д е да му помага на организмот да ги искористи калциумот и фосфорот, минерали кои се од особено значење за здравјето на коските и забите. Покрај тоа, витаминот Д е одговорен да ја контролира потребната количина на калциум која ќе се апсорбира од храната, а е значајно да се вгради во коските.
Денес познато е дека витаминот Д помага во превенција и лекувањето на заболувања како што се:
- рак на дојката, на простатата и дебелото црево
- мултиплекс склероза
- алцхајмеровата болест
- зголемен крвен притисок
- алергиски реакции
- го зајакнува имунолошкиот систем
- помага во борба против настинката
- го одржува здравјето на мозокот во постарите години
- помага во одржувањето на здрава телесна тежина
Храна богата со витамин Д
Сонцето е најважен извор на витамин Д, но покрај треба да се конусмира храна која е богата со овој витамин.
Најдобри извори на храна која е богата со витамин Д се:
- рибиното масло
- јајца
- путер
- сирење
- млеко
- харинга, лосос, сардина и пастрмка
- шампињони
Недостиг на витамин Д
Недостигот од витамин Д е последица на неправилна исхрана и недоволно изложување на сончева светлина. Тоа доведува до намалена апсорпција на калциум, што резултира со појава на рахитис кај децата, а кај возрасните до остеомалација (омекнување на коските) и остеопороза (намалување на густината на коскените ткива).
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.