Ким Кардашијан (41) не е она што беше. Од реалити ѕвезда, таа преку ноќ стана жена која наметнува модни стилови. Прво ја „облекуваше“ Канје Вест кој ја воведе во светот на модата, а по разводот со музичарот се сврте кон Баленсијага.
Сега Ким оваа „игра“ ја подигна на друго ниво, кога на ревијата на Баленсијага се појави рамо до рамо со Никол Кидман.
Ријалити ѕвездата постигна бизарен изглед носејќи црна кацига која и го покриваше целото лице.
Ким претходно изјави дека ќе облече „буквално сè што ќе предложат модните критичари“ од селотејп (во кој и претходно се појавуваше) до гламурозен фустан на Мерлин Монро.
Затоа и не е чудно што овој пат таа излезе во бизарна облека и се прошета на модната писта за сите да видат како и изгледа новиот тренд на Баленсијага.
Инаку, познато е дека Ким боледува од псоријаза поради која има црвени траги на телото и лицето. Прво го покриваше телото со пудра за да не се гледаат промените на кожата, а сега најде решение во високата мода.