Фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц ќе го продолжи договорот со клубот, дознава германскиот весник „Билд“.
Вирц веќе извесно време е во преговори со Баер за продолжување на соработката.
Актуелниот договор на играчот за врска истекува во летото во 2027 година. Според „Билд“, новиот новиот договор ќе биде продолжен за уште 12 месеци, а Вирц ќе заработува преку 10 милиони евра годишно наместо досегашните осум милиони.
Во договорот на германскиот репрезентативец ќе има и откупна клаузула вредна 125 милиони, која ќе важи од летото 2026 година.
Неколку богати клубови изразија интерес за 21-годишниот фудбалер.
Манчестер сити е најсериозен во обидите да го ангажира Вирц, сидејќи е извесно дека Кевин Де Брујн ќе го напушти „Етихад“ кога ќе му истече договорот на лето.
Вирц е најважниот играч на Баер оваа сезона. Тој е плејмејкер, но веќе постигна 15 гола и забележа 12 асистенции во сите натпреварувања.
Баер Леверкузен е на второто место на табелата во Бундеслигата со 46 бодови, додека Баерн е лидер со 54.
Текстот Вирц ќе го продолжи договорот со Баер е превземен од МАКФАКС.