Во Скопје официјално беше отворен простор за цртање на платно и дегустација на вино, сместен на кај Едера Rooftop.
Зад овој свеж и инспиративен проект стои млад ентузијаст – тој има 25 години и со поддршка од семејството и неговата девојка, создаде нешто што недостасуваше на уметничката и социјалната сцена во градот.
„Сакавме да создадеме простор каде луѓето ќе можат да се опуштат, да го променат своето секојдневие, и да ја изразат нивната креативност без притисок– сето тоа со чаша квалитетно вино во рака“, вели тимот на ArtRoom.
Идејата е едноставна, но моќна: резервираш термин, доаѓаш без потреба да знаеш да црташ, а професионален уметник те води низ процесот додека се опушташ со вино и музика. Секоја сесија трае 2 и пол часа, а темите се менуваат месечно и се најавуваат однапред.
Вината се внимателно избрани – од македонското Тиквеш Special Selection, па сè до етикети од Италија, Франција и Шпанија.
Она што го издвојува овој концепт е неговата мултифункционалност: покрај редовните термини, просторот може да се изнајми за родендени, team buildings и приватни забави, a за време на викендите, просторот ќе може да се резервира дури и најмладите: нудат детски креативни сесии со времетраење од 2 часа, сокчиња наместо вино и многу бои. Родителите можат да бидат присутни за време на овие сесии доколку сакаат или едноставно можат да ги остават децата да уживаат во уметноста.
“Имаме и креативен ѕид каде секој може да напише како се чувствува тој ден, има и мало катче за одмор, и шанк за оние кои сакаат да наздрават со уште една чаша вино.”-
Свеченото отворање на Art Room беше проследено со позитивна енергија, насмевки, музика и инспирација.
Текстот Вино, платно и инспирација: Скопје доби нов урбан простор каде секој може да биде уметник е превземен од МАКФАКС.