Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.В. (37) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти МВР.

Според пријавата, на 8 август 2025 година, во угостителски објект во Виница, пријавениот со дрвен предмет нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија.

По документирање на случајот, материјалите ќе бидат доставени до надлежното обвинителство.

Текстот Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект е превземен од МАКФАКС.