Полицијата на регионалниот пат Виница-Берово го приведе М.А.(55) од Виница. При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.

„По преземени мерки и извршена контрола, исто така е констатирано дека не поседува возачка дозвола и е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и по наредба на јавен обвинител, задржан во Полициска станица Виница. При контролата е утврдено и дека сообраќајната дозвола на возилото што го управувал е со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа му е одземено“, велат од МВР.

Се додава и дека притоа М.А. агресивно се однесувал кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Текстот Виничанец возел брзо под дејство на алкохол, без дозвола и со нерегистриран автомобил, приведен е е превземен од МАКФАКС.