Колку сите во Реал Мадрид беа убедени дека овогодинешниот добитник на Златната топка ќе биде Винисиус Жуниор најдобро говори фактот што во ова успеаја да го убедат и фудбалерот. Бразилецот им ветил на соиграчите од Реал Мадрид дека по повод добивањето на Златната топка дека ќе им подари „Ролекс“.

Толку многу што Бразилецот во пресрет на наградата им организираше забава за своите блиски пријатели, за да ги почести бидејќи ќе ја добие наградата за најдобар играч на светот. Студен туш следуваше вчера, односно на денот на доделувањето на наградата.

Претседателот Флорентино Перез потврди дека никој не сакал однапред да му ги даде резултатите од гласањето, по што ми станало јасно дека Родри има шанси да биде пред Винисиус. Информациите потоа почнаа да се шират во групите на Реал на„“WhatsApp“, а во еден момент што е и логично стигнала и до Винисиус.

Перез лут ја вратил делегацијата на Реал од аеродромот во Мадрид. Клубот немаше претставник на свечената церемонија. Реал беше прогласен за најдобра клуб, а Карло Анчелоти за најдобар тренер.

Винисиус планирал да лета за Париз со околу 20 луѓе, а таму планирал да направи забава со преку 100 гости, на крајот ја откажал резервацијата во еден познат хотел во Париз.

Текстот Винисиус организирал журка, на соиграчите им ветил Ролекси, во Париз резервирал хотел.., потоа добил порака е превземен од МАКФАКС.