Винисиус (24) ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му понуди покачување на сегашната плата од 15 милиони евра. Ова го тврди Марио Кортегана, новинар на „Атлетик“ добро упатен во односите во Реал. Тој додава дека се очекува да продолжат преговорите кои започнаа пред две недели.

Винисиус пред две години го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2027 година со трансфер клаузула од една милијарда евра. Минатото лето „Атлетик“, објави дека на менаџерите на Винисиус им се обратиле претставници на саудиските клубови, а истото го направиле и минатата есен.

Тогаш, во октомври минатата година, Винисиус изјави дека сака засекогаш да остане во Реал. Францускиот инсајдер Фабрис Хокинс сега објави дека Винисиус има понуда од Саудиска Арабија од една милијарда евра за пет години.

Бразилецот е во Реал од 2018 година, кога пристигна од Фламенго за сума од 45 милиони евра. Оттогаш, крилниот напаѓач постигна 101 гол и забележа 83 асистенции во 293 натпревари за Реал. Тој освои три Ла Лига, две Лига на шампиони и два Светски клупски првенства.

Текстот Винисиус одбил да потпише нов договор е превземен од МАКФАКС.