Реал не игра добро оваа сезона. Тоа го потврдуваат петте порази (два во првенството и три во Лигата на шампионите). Јасно е дека тренерот Карло Анчелоти е под голем притисок. Во Шпанија зачестија шпекулации за негова смена.

Шпанските медиуми тврдат дека на таа тема разговарале претседателот Флорентино Перез и Винисиус Жуниор.

Бразилецот има посебен однос со Анчелоти, под негова палка се еталбилареш како еден од најдобрите фудбалери во моментов.

Шпанците пишуваат дека Перез размислува да го врати Зинедин Зидан, а тоа не му се допаѓа на Винисисус.

„Не сакам Анчелоти да замине“, наводно му рекол Бразилецот на претседателот на Реал, а потоа се заканил дека ќе го напушти клубот доколку дојде Зидан.

Реал утре ќе гостува кај Џирона, а Винисуси и овој натпревар ќе го пропушти поради повреда. Според информациите од реал тој ќе биде во комбинација за натпреварот против Аталанта во Лигата на шампионите. Овој натпревар може да биде клучен за Реал и неговите амбиции во Лигата на шампионите.

Текстот Винисиус му порачал на Флорентино Перез: Заминува ако се врати Зидан е превземен од МАКФАКС.