Мухамед Али и Џорџ Форман, пред 50 години имаа спектакуларен боксерски меч наречен „Rumble in the Jungle“.
„Rumble in the Jungle“е легендарно боксерско шоу, еден од најпознатите и најдобрите мечеви во историјата на спортот, а се случил пред точно 50 години, на 30 октомври 1974 година.
Гигантите во тешка категорија, Мухамед Али и Џорџ Форман се судрија во Киншаса, Заир, денешна Демократска Република Конго. Пред половина век, боксот беше најпопуларниот спорт на планетата, сите со нетрпение го чекаа дуелот меѓу Али и Форман организиран од страна на познатиот промотор Дон Кинг.
Али тогаш имаше 32 години и повеќе не беше брз како порано, претходно вториот пораз во кариерата му го нанесе Џо Фрејзиер (42-2), додека Форман имаше 40-0 и беше страв и трепет за сите противници.
Дон Кинг ја прифати понудата на двајцата боксери кои побараа по 5 милиони долари за да дојдат во Киншаса, времето покажа дека не згрешил и дека го направил најдобриот можен потег.
Мухамед Али беше доста статичен на овој меч, што Форман не го очекуваше и имаше проблеми да му зададе удар. Во осмата рунда Али го почна својот танц, а потоа со лево кроше го нокаутира Форман и повторно стана шампион во тешка категорија.
„Кога бевме кралеви“, документарниот филм за овој боксерски меч беше награден со Оскар.
Текстот (Видео) 50 години од легендарната борба меѓу Али и Форман е превземен од МАКФАКС.