Џенифер Лопез (55) минатата недела настапи на World Pride Music фестивалот во Вашингтон, каде што повторно ја покажа својата склоност кон драматични и провокативни модни комбинации. Но, додека некои беа воодушевени, дел од публиката не штедеше критики.

Пејачката на сцената смени неколку впечатливи комбинации, меѓу кои највпечатлив беше сребрениот боди обложен со стотици светкави кристали. Луксузниот дизајн на модната куќа „The Blonds“ имаше длабоко деколте и висок изрез до бутовите, што, според многумина, откриваше повеќе отколку што требаше.

И покрај спектаклот што го создаде и нејзината енергија, коментарите на социјалните мрежи брзо се претворија во расправии. „Облечи нешто“, „Однесувај се како за твои години“, „Знаеме дека изгледаш одлично, но сега отиде предалеку“, „Ова е премногу“, беа коментарите. Некои отидоа чекор понатаму, нарекувајќи ја „очајна“ и обвинувајќи ја дека привлекува внимание по секоја цена.

Но, Џеј Ло има и лојална армија обожаватели кои застанаа во нејзина одбрана. „Кога мислиме дека повеќе не може да нè изненади, таа оди чекор понатаму. Браво!“, „Да изгледав како неа, ќе покажев сè“, „Оние што ѝ пишуваат негативни коментари го прават тоа од љубомора“, напишаа нејзините обожаватели.

Текстот (Видео) Џенифер Лопез шокираше со својата облека на настап: „Облечи нешто“ е превземен од МАКФАКС.