Џенифер Лопез се најде во малку незгодна ситуација за време на гостувањето во шоуто „Тудеј“, но вешто избегна директен одговор на прашањето за нејзиниот неодамнешен развод од Бен Афлек. Пејачката и актерка го промовираше својот нов мјузикл „Бакнеж на жената-пајак“, но водителот Крег Мелвин ја искористи можноста да го спомене нејзиниот личен живот.

„Во средината на снимањето на овој комплексен, прекрасен мјузикл, и вашиот развод од Бен е финализиран“, почна Мелвин, но Лопез веднаш го прекина со гласен смеа и коментар: „Ете го! Погледнете го!“

Водителот објасни зошто го споменал Афлек, велејќи: „Но, потоа прочитав дека твојот бивш е извршен продуцент на филмот“. Лопез само го игнорираше тоа, но сепак му ја припиша заслугата на својот поранешен сопруг, од кого се раздели во 2024 година. „Да не беше Бен, филмот немаше да биде снимен. И секогаш ќе му ја припишувам заслугата за тоа“, рече таа.

Во врска со самиот развод, таа кратко коментираше дека „работите се случуваат“ и додаде: „Мора да продолжите понатаму“. Да потсетиме дека двојката првпат се сврши во 2002 година, но се разделија една година подоцна. Ја обновија својата романса 20 години подоцна и се венчаа во 2022 година. Сепак, љубовта не траеше долго, а Лопез поднесе барање за развод минатата година, кое беше финализирано во февруари оваа година.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Џенифер Лопез вешто избегна да одговори на прашањето за разводот од Бен Афлек е превземен од МАКФАКС.