Фудбалерите на Борнмут го совладаа Њукасл „Сент Џејмс Парк“ со 4:1, во првиот натпревар од 22. коло на англиската Премиер лига.

„Црешите“ го растажија својот поранешен менаџер Еди Хау и ја прекинаа брилијантната серија на Њукасл од девет последователни победи, од кои шест во Премиер лигата. Исто така заврши и серијата на Александер Исак, кој постигнуваше најмалку по еден гол на последните осум натпревари.

Борнмут буквално го декласира својот противник и вистинско е чудо како одбраната на Њукасл прими само четири гола. Напаѓачот на Борнмут, Џастин Клајверт денеска блесна и со хет-трик потсети на неговиот славен татко Патрик.

Клахверт го совлада Дубравка во шестата, 44. и 92.минута. Третиот гол беше брилијатен, исто како и голот на Керкез во 96.минута.

Бруно Гимараеш го постигна голот за Њукасл во 25.минута.

Текстот (Видео) Џастин Клајверт со хет-трик ја прекина победничката низа на Њукасл е превземен од МАКФАКС.