Шкендија го победи Работнички со 1:2 во последното коло, но на крајот заврши на третата позиција на табелата во Првата фудбалска лига. Со тоа најверојатно не се остварени целите на клубот. Тренерот Ќатип Османи поднесе оставка по завршувањето на последното коло од шампионатот.
„Беше интересен натпревар со можности за гол од двете страни. Игравме со комбиниран тим и сепак мислам дека ја заслуживме победата. Мислам дека секогаш може подобро. Но, она што е поважно во овој момент е дека ова беше последен натпревар за мене како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Ја имав оваа година, почнувајќи од економистите, медицинскиот персонал, техничкиот персонал, раководството, јавноста, „Балистите“ и можеби уште поважно компанијата „Еколог“ која континуирано со години инвестира во овој тим за да изгради европски клуб“, изјави Ќатип Османи.