Њукасл јунајтед по седум децении освои трофеј во англискиот фудбал. Попладнево на „Вембли“, фудбалерите на Њукасл, во гиналето на Лига купот, го победија Ливерпул со 2.1.

Њукасл поведе во големото финале во 45. минута. Ден Бурн скокна високо по корнерот што го изведе Трипие и го погоди подалечниот агол.

Мрежата на Ливерпул се затресе во 51. минута по одличниот удар на Александар Исак, а славјето на фудбалерите на Њукасл беше прекинато поради проверка на ВАР. Џон Брукс само ја потврди својата одлука.

Сепак, минута подоцна немаше дилеми дека се беше јасно со голот на Исак за 2:0.

Ливерпул можеше брзо да се врати во игра, во 59. минута Кертис Џонс упати одличен удар, но Ник Поуп одлично одбрани.

Исак имаше шанса да погоди за 3:0 во 64. минута, но и Кевин Келер покажа дека е одличен голман. Тоа беше негова четврта одбрана на натпреварот, Ливерпул успеа да ја погоди мрежата во судиското надополнување, проверката на ВАР траеше неколку минути бидејќи судијата на почетокот покажа дека е офсајд, но се покажа дека голот на Федерико Киеза е регуларен.

Њукасл, му ја препушти инцијативата на Ливерпул, но создаде серија на шанси. Избраниците на Еди Хау упатија 17 удари кон голот, од кои шест во противничкиот гол. За тоа време, „црвените“ упатија само осум шута и само три од нив одеа во рамките на голот.

Текстот (Видео) Њукасл го освои Лига купот, во финалето го победи Ливерпул е превземен од МАКФАКС.