ЈуТјуб истражувач дошол до неверојатно откритие откако дошол до отвор и просторија под дрво кои го донеле до неверојатно зачувана пештера на Темпларите.
Во објавената видео снимка, Брендон Иксплорс отишол на пат во Шифнал во Англија, следејќи информација за постоење на пештера стара 700 години.
Откако го нашол влезот на пештерата, Брендон признал дека изгледа морничаво и дека се двоумел дали да се спушти во пештерата, но набрзо бил фасциниран од она што го видел.
Иако во пештерата имало видливи траги од ѓубре, таа и натаму одлично изгледала ако се земе во предвид дека била правена во 18 век.
Пријателот на Брендон кој бил со него рекол дека ваквите пештери наводно се проколнати поради сатански и ритуали на црна магија кои наводно биле таму изведувани.
Дека има вистина во овие приказни почнале да се сомневаат кога и покрај полните батерии, светлото почнало да им се гаси.