Манчестер јунајтед, Атлетик Билбао, Тотенхем и изборија пласман во полуфиналето во Лига Европа.

Три од четирите натпревари останаа во сенка на она што се случуваше на „Олд Трафорд“ во Манчестер. Веројатно вечерва го видовме најдобриот натпревар оваа сезона во Европа.

Неверојатен ролекостер, Јуннајтед до 71.минута имаше водство 2:0, Лион успеа да се врати во интервал од седум минути, во 89.минута Толисо го доби вториот жолт картон, но и со играч помалку играчите на францускиот тим во продолженијата постигнаа два гола.

И тогаш се случи чудо, во периодот од 114. до 121.минута Манчестер јунајтед постигна три гола Бруно Фернандеш од пенал, Мејну и Мегваер за пласман на „црвените ѓаволи“ меѓу најдобрите четири екипи во Лига Европа.

Манчестер јунајтед во полуфиналето ќе игра против Атлетик Билбао на чии стадион сезонава ќе се одигра финалниот меч.

Баските рутински славеа над Глазгов Ренџерс со 2:0. Стрелци на головите беа Сансет од пенал и Нико Вилијамс.

Драма не онанква како во Манчестер се случи и на Олимпико во Рим. Бодо/Глимт го постигна најголемиот успех во клупската историја го елиминира Лацио по изведувањето пенали.

Лацио поведе со голот на Кастељанос, а предноста од 0:2 по првиот меч ја анулира во 93.минута со голот на Нослин. Во 100.минута Диа го постигна третиот гол за Лацио, а пенали за Бодо/Глимт избори Хелмарсен во 109.минута.

Пенал серијата фудбалерите од Норвешка ја добија со 3.2. Чауна, Нослин и Кастељанос не беа прецизни. Хаикин ги одбрани пеналите на Чауна и Кастељанос, а Нослин го промаши голот.

Тотенехм по 1:1 во првиот дуел успеа во реваншот да го победи Ајнтрахт во Франкфурт со голот на Соланке. Тимот од Лондон во полуфиналето ќе игра против Бодо/Глимт.

Полуфиналните натпревари на програмата се на 1. и 8. мај.

Текстот (Видео) Јунајтед во нестварен натпревар го елиминира Лион, Боде/Глимт го шокира Лацио е превземен од МАКФАКС.