Тиктокер со корисничко име @guyzer сподели снимка од необичното откритие што го дочекало во неговата хотелска соба додека бил во Амстердам. Собата на прв поглед изгледаше сосема обична, но внатре се криеше огромно изненадување.

Имено, во собата има авион. „Ох, има авион во средината на хотелската соба. Само еден целосно функционален авион со седишта и светла кои се вклучуваат“, вели тој во видеото, кое е прегледано повеќе од 24 милиони пати и собра 3 милиони лајкови.

@guyzerr There’s a plane in the room #hotel #plane #fyp #foryou #foryoupage ♬ original sound – Guyzer

Истражувајќи понатаму, открил дека пилотската кабина е отворена за гостите за да можат „да влезат и да истражуваат“, сугерирајќи дека тоа е сосема нормална хотелска погодност. На крајот од видеото, тој го прогласи авионот за „многу интересен додаток“.

Тиктокерите се обидоа да откријат каде се наоѓа овој необичен хотел, а некој во коментарите напиша дека станува збор за хотелот „Корендон“ во Амстердам.

Текстот (Видео) Ја покажа „најлудата“ хотелска соба во Амстердам, луѓето не можат да се начудат што има внатре е превземен од МАКФАКС.