Ѕвездата од серијата Очајни домаќинки, Тери Хачер (59) ужива во сингл живот.
Тери го сними божиќниот филм „ How to Fall in Love by Christmas“ и гостуваше во емисијата Sherri Shepherd. Таму, меѓу другото, зборуваше и за својот љубовен живот. Таа призна дека состанувањето во последно време и изгледа малку досадно.
„Што се однесува до мене – луѓето ме прашуваат дали се гледам со некого, а јас секогаш велам дека веќе не одам на состаноци многу често. Порано одев на состаноци, го гледав човекот што седеше спроти мене и си мислев: „Добро, се прашувам дали ќе завршиме во кревет“. И сега ги гледам и се прашувам кога ќе треба да му ја сменам пелената на тој човек. Едноставно веќе не е толку забавно“, рече Тери.
„Не излегувам многу. Најчесто се гледам со мојата мачка”, рекла таа и објаснила дека „дружењето со мачката е подобро од било кој состанок“. Водителот потоа ја советуваше да започне да излегува со помлади мажи, бидејќи очигледно тоа функционира за Шер, која е 37 години постара од момчето Александар Едвардс.
„Луѓето ми велат – Не можеме да веруваме дека не излегуваш, сигурно стојат во ред пред вратата. Им велам – не. Ја отворам вратата од време на време, нема никој“, додава актерката.
Иако Хачер сега е сингл, таа претходно беше во брак двапати – со Џон Тени од 1994 до 2003 година и со Маркус Литхолд од 1988 до 1989 година.
Текстот (Видео) Ѕвездата од Очајни домаќинки: Сите мислат дека мажите стојат во ред за да ме викнат на состанок е превземен од МАКФАКС.