Новак Ѓоковиќ, најтрофејниот тенисер во историјата, имаше интересно гостување на една телевизија, каде што зборуваше за најдобрите спортисти.

Српскиот ас извлекуваше топчиња со прашања кој е ГОАТ (најдобар на сите времиња) во одреден спорт.

Новак немаше многу дилеми, освен кога е во прашање неговиот спорт.

Еве како изгледаше.

– Кошарка?

„Џордан и Коби Брајант“.

– Американски фудбал?

„Том Брејди“

– Голф?

„Тајгер Вудс“

– Фудбал?

„Меси и Роналдо“

– Тенис?

„Не знам, кажете ми вие“, со насмевка одговори освојувачот на 24 гренд слем титули.

Текстот (Видео) Ѓоковиќ во ГОАТ-дебата: Џордан и Коби во кошарката, Меси и Роналдо во фудбалот, во тенисот… не знам е превземен од МАКФАКС.