(ВИДЕО) Што треба да знаете за израелската окупација на Палестина?

Организацијата за човекови права, Амнести интернешнл објави Инстаграм видео во кое ги посочува главните поенти од израелската окупација на Газа и систематското прекршувања на човековите права на окупираните територии.

Од 1967 година Израел ги окупира појасот Газа и Западниот брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, кој подоцна беше илегално припоен.

Воената окупација на Израел е алатка на апартхејдот што им овозможува на израелските власти да го контролираат секој аспект од животот на Палестинците со поставување ограничувања и пречки на нивните човекови права за слободно движење, пристап до образование и уживање верска слобода.

Израел ги контролира: Границите, регистарот на населението, водоснабдувањето, електричната енергија, телекомуникациските услуги, пристапот до хуманитарна помош.

Ова има катастрофални ефекти врз економскиот и социјалниот развој на Палестинците.

Од 2007 година, Израел воведе нелегална копнена, воздушна и морска блокада на Газа, за да ја задржи својата контрола да продолжи со окупацијата и колективно да ги казнува цивилите на западниот брег, вклучувајќи го и окупираниот источен Ерусалим.

Палестинците рутински се соочуваат со: прекумерна употреба на сила, произволни апсења, административни притвори, незаконски убиства, принудно раселување, уривање домови.

Израелската окупација, исто така, ги протера Палестинците од нивните земји и овозможи нелегални населби. Во моментов има околу 300 нелегални израелски населби и пунктови.

За да се запрат овие систематски прекршувања на човековите права, израелската окупација мора веднаш да престане.

Драган Мишев