Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во центарот на вниманието кога неговата сопруга Брижит наводно му удрила шлаканица за време на посетата на Виетнам. Камерите ја снимија сцената за која целиот свет зборува, кога вратата на авионот се отвора, а потоа се гледа како Брижит го удира Маркон.
Експерт за говор на телото го анализирал инцидентот што се случил пред камерите на светските медиуми и открил за што всушност станува збор.
On the one hand I feel bad for Macron. That’s humiliating to get attacked by your wife’s claws while the cameras are rolling.
But on the other hand, that terror-supporting brat deserves it…
As they say, couldn’t have happened to a better man, right?pic.twitter.com/XRIF0OtSz3
— Marina Medvin
(@MarinaMedvin) May 26, 2025
Според Џуди Џејмс, се изгледало како францускиот претседател, да ја стиснал едната рака во тупаница кога слегувал од авионот во Виетнам, кратко по пристигнувањето во земјата по инцидентот со неговата сопруга.
Моментот беше далеку од „разиграното“ задевање меѓу сопружниците што Макрон и неговиот најтесен круг се обидоа да го прикажат.
„Не би го опишала гестот што го видовме од авионот како некаков вид „игра“, како што беше претставен“, рече таа, додавајќи:
„Туркањето на партнерот со раката во лицето со таква сила што главата му се поместува настрана и тој мора да ја испружи раката за да ја одржи рамнотежата не треба да се нормализира со тоа што ќе го наречеме „забава“ само за да се зачува политичкиот углед.“
На видеото по шлаканицата Брижит останува скриена зад трупот на авионот, па затоа не е можно да се види нејзиниот израз на лицето или говорот на телото.
Потоа двојката се симнува по скалите каде што официјален пречек им упатуваат виетнамските претставници, но Брижит не ја прифаќа подадената рака на Макрон. Потоа Макрон цврсто ја стисна тупаницата додека се оддалечуваа од пистата, очигледно многу лут, пишува „Дејли Мејл“.
Текстот (Видео) Шлаканицата на Макрон е вистинска, не е „брачна игра“, вели експерт за говор на телото е превземен од МАКФАКС.