Вчера околу 18.25 часот на патот Меленци-Башаид во северна Србија се случи тешка сообраќајна несреќа. Загинаа три лица, брачна двојка во автомобил со новосадски регистарски таблички и едно лице од Зрењанин, пренесува српски Телеграф.

Во несреќата учествувале три автомобили и еден трактор. Два автомобили се запалиле и целосно изгореле. Тракторот бил смачкан.

View this post on Instagram

A post shared by ZR Klik (@zrklik)

На местото на настанот пристигнале седум возила на брза помош. Повредени се четири лица. Двајца се тешко повредени, а двајца полесно.

Текстот (Видео) Четири возила се судрија во Србија, изби пожар: загина брачна двојка и уште едно лице е превземен од МАКФАКС.