Сините забележаа победа по 120 минути, со резултат 2:1 против бразилскиот тим Палмеирас. Во 55. минута Хадсон-Одои аситираше на време , додека Ромелу Лукаку од непосредна близина бие со глава за водство на Челзи. Бразилците се мобилизираа и набрзо израмнија преку гол.
Рафаел Веига од пенал се покажа прецизен, победувајќи го голманот на Челзи, Менди. Натпреварот во регуларното време заврши без победник (1:1), но по продолженијата двапати по 15 минути победи Челзи.
Фудбалерот Каи Хаверц погоди од пенал во 117. минута за победа на Челзи, со што му ја обезбеди светската титула за клубови.
Финалето се одигра на стадионот Мохамед Бин Зајед во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.