Дисциплинската комисија задолжена за Чемпионшип ја донесе одлуката по инцидентот што се случи на натпреварот помеѓу Престон и Блекбурн, кога репрезентативецот на Црна Гора, Милутин Осмајиќ го гризна противничкиот играч.
„Осмајиќ ќе мора да паузира осум натпревари, ќе мора да плати 15 илјади фунти“, објави „Скај Спортс“
Казната можеше да биде далеку, пострига, но олеснителна околност претставува тоа што Осмајиќ беше тоа што ја прифати тужбата и изрази каење за инцидентот.
Од клубот најавија дека ќе разговараат со поранешниот фубалер на Сутјеска од Никшиќ.
Во меѓувреме, додека ќе паузира од натпреварите во англиското првенство, Осмајиќ го очекуваат дуелите со црногорската репрезентација во Б дивизијата од Лигата на нации против Турција и Велс на гостински терен.
Genuinely bizarre this. Assume Osmajic will face further action but not 100% sure he can having been booked for the incident. pic.twitter.com/moO0R5ifn8 https://t.co/Va1pmsXBp3
— Jack Lusby (@LusbyJack) September 22, 2024
Текстот (Видео) Црногорскиот Суарез казнет со осум натпревари поради гризење на ривалот е превземен од МАКФАКС.