Пукање се случи утрово во автобус за транзит на округот Мајами-Дејд пред трговски центар.

Службениците добиле повик од службата за брза помош околу 3 часот по полноќ.

Инспекторите соопштија дека возачот на автобусот влегол во вербална расправија со патниците.

За време на расправијата, возачот извадил пиштол и застрелал двајца патници, кои биле пренесени во болница во критична состојба, па починале од повредите.

Сè уште не е јасно што ја предизвикало расправијата што довела до пукањето.

Возачот на автобусот е приведен во полиција.

 

Текстот (Видео) Хорор на Флорида: Возач на автобус се расправал со патниците, па почнал да пука, има мртви е превземен од МАКФАКС.