Хонг Конг се подготвува за супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски тајфун во светот оваа година, затворајќи ги училиштата и откажувајќи околу 700 летови.
Рагаса, со ветрови до 220 км/ч, се приближува кон јужната кинеска покраина Гуангдонг, соопшти Опсерваторијата во Хонг Конг, и планира да го подигне предупредувањето за тајфун на ниво 8, трето највисоко. Се очекуваат ветрови со сила на ураган и обилни дождови, а нивото на морето ќе се искачи до пет метри, споредливо со разорните тајфуни Хато во 2017 година и Мангхут во 2018 година.
Властите им поделиле вреќи со песок на жителите, а луѓето складирале храна, што предизвикало брзо празнење на полиците во супермаркетите и зголемување на цените на зеленчукот. Берзата во Хонг Конг ќе остане отворена и покрај бурата.
Рагаса ги погоди северните Филипини во понеделник, каде што властите ги ставија агенциите во состојба на висока готовност. Кинеските власти во Гуангдонг и другите јужни покраини активираа мерки за заштита од поплави, додека Макао и Шенжен ги затворија училиштата и подготвија засолништа. Тајван евакуираше повеќе од 6.000 луѓе од загрозените подрачја.
фото: принтскрин
Текстот (Видео) Хонг Конг се подготвува за најлошиот тајфун оваа година: училиштата се затворени, летовите откажани е превземен од МАКФАКС.