Фарук Хаџибегиќ е легенда на Сараево и југословенската репрезентација. Поранешниот либеро на Сараево, Бетис, Сошо и Тулуз беше дел од репрезентацијата на Југославија на Светското првенство во Италија во 1990 година, кое беше последното големо натпреварување за таа репрезентација пред распадот на земјата.
Југославија пристигна во Италија предводена од Ивица Осим, а клучни играчи на тимот беа Драган Стојковиќ Пикси, Златко Вујовиќ, Сафет Сушиќ, Роберт Просинечки, Дејан Савиќевиќ, Зоран Вулиќ, додека имиња како Дарко Панчев, Давор Шукер, Ален Бокшиќ, Роберт Јарни шансата ја чекаа од клупата за резерви.
Југославија против Аргентина играше во четвртфиналето, по 120 минути игра резултатот беше 0:0, иако Југославија најголемиот дел од натпреварот го одигра со десет играчи поради црвениот картон на Рефик Шабанаџовиќ.
Томислав Ивковиќ го одбрани пеналот на Диего Марадона, но Хаџибегиќ го промаши клучниот пенал и Аргентина се пласира во полуфиналето, а подоцна загуби од Западна Германија во финалето.
Хаџибегиќ се присети на тој натпревар за време на гостувањето во подкастот „Балкан Рулс“.
„Да немаше војна, ќе бевме шампиони на следното Светско првенство во САД во 1994 година. Би го кажал ова пред Богот и пред народот. Да постигнев гол, убеден сум дека ќе стигневме до полуфиналето, не звучи претенциозно, но мислам дека подоцна немаше да има војна“, рече Хаџибегиќ и дополни..
„Кога ќе погледнеме што се случува во светот денес, очигледно е дека ништо не е научено од историјата, дека не се научени лекции од поранешна Југославија. Ова е доказ дека политичарите сакаат војна, а не народот.“
Текстот (Видео) Хаџибегиќ: Да реализирав тој пенал, немаше да има војна во Југославија е превземен од МАКФАКС.