Демонстранти палеа автомобили и фрлаа камења кон полицијата, која одговори со предупредувачки истрели и водени топови за време на протестите синоќа во Ротердам против ограничувањата поради ковид-19.

Advertisements

Демонстрациите, свикани од неколку организации, се против плановите на владата да воведе здравствен сертификат поради зголемениот број случаи на коронавирус во Холандија. Според мерката, само на вакцинирани и на оние кои прележале ковид-19 ќе им биде дозволено да присуствуваат на јавни настани, кафулиња и ресторани.

Прикажи повеќе