Дербито на Хрватската кошаркарска лига меѓу славниот Шибеник и Динамо Загреб остана во сенка на скандалозната тепачка на кошаркарите на теренот.

Шибеник го доби натпреварот со резултат 82:75, но натпреварот го одбележа општ хаос на теренот.

По крајот на натпреварот најпрвин дојде до конфликт помеѓу домашниот репрезентативец Јосип Јуркиќ и играчот на Динамо Карл Микшиќ.

Почнале да се туркаат, а во еден момент се фатиле за врат.

И тоа беше сигнал за другите играчи да се активираат во овој конфликт, па дури и дел од публиката.

Капитенот Мартин Јунаковиќ со 19 и Миха Шкедељ со 17 поени го предводеа тимот на Шибеник до победата, додека кај гостите најефикасен беше ветеранот Иван Новачиќ со 14 поени.

Текстот (Видео) Хаос во хрватското дерби: Жестока тепачка меѓу играчите, влетаа и навивачите е превземен од МАКФАКС.