Кошаркарите на Осиек направија големо изненадување во 15. коло од хрватскиот шампионат, откако го победија Задар со резултат 60:58. Сепак, тој дуел ќе биде запаметен повеќе по тепачката што се случи по натпреварот.

Недалеку од салата дошло до конфликт меѓу навивачките групи на двата тима.

На социјалните мрежи се појавија видеа од конфликтот на кои не се гледа точно се што се случило, но забележливо е дека сообраќајот е прекинат и дека дошло до физичка пресметка.

Засега нема информации дали има повредени или колку се уапсени.

Текстот (Видео) Хаос во Хрватска поради тепачка меѓу хулигани – прекинат сообраќајот, се тепаа среде улица е превземен од МАКФАКС.