Кон зградата на Косовската пошта во Звечан, на северот на земјата, ноќеска по полноќ биле фрлени две експлозивни направи, од кои едната експлодирала, причинувајќи материјална штета, јавува Анадолија.

Косовската полиција соопшти дека е активирана една рачна бомба и дека нема повредени. Експлозијата се случила 20 минути по полноќ.

„Надлежните полициски единици по пристигнувањето на местото на настанот забележале дека во објектот има уште една неексплодирана граната. Локацијата е обезбедена, додека жителите привремено се евакуирани. Специјализирана единица за ракување со експлозивни направи контролирано ја детонирала гранатата“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Текстот (Видео) Фрлени две рачни бомби врз пошта во Косово, едната експлодирала е превземен од МАКФАКС.