
Kенискиот спринтер Фердинанд Оманџала го истрча најбрзото време на светот оваа година на 100 метри на меѓународниот митинг во родниот Најроби и со 9,84 секунди ги надмина Американците Беднарек (9,98) и Брејси-Вилијамс (10,03).
Оманџала не беше задоволен од одличниот резултат, бидејќи сакаше да го собори африканскиот рекорд (9,77), кој го постави пред две години на истиот стадион.
Сепак, ова е најава дека светот на спринтот добива нов големо име и закана за Американците. /Gol.mk/