Феникс Санс остварија еден од најголемите камбекови во историјата на франшизата. Санс славеа во дуелот со Лос Анџелес Клиперс со 119:117, и покрај тоа што на минута до крајот на третиот период имаа минус од 23 поени.

Најзаслужен играч за оваа победа е 36-годишниот Кевин Дурант, кој со 19 поени (6/9 од поле) во последната четвртина од натпреварот го врати домашниот тим во живот.

Искусниот ас постигна вкупно 34 поени (10/22 од поле, 4/11 од три), имаше и седум скока и три асистенции.

Кај Клиперс се истакна 27-годишниот Ивица Зубац. Хрватскиот центар ги предводеше Клиперси со личен рекорд од 35 поени, имаше и 10 скока и три асистенции.

Стеф Кари обожува да игра во храмот на кошарката „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк. Голден стејт Вориорс славеа над Њујорк Никс со 114:102. Кари со 28 поени го предводеше својот тим, во кој Џими Батлер и Брендан Подзијемски постигнаа по 19 поени.

Кари има нереален рекорд против Никс на гости во неговата 13-годишна НБА кариера. 13 пати гостувал во Њујорк, забележал 12 победи.

Резултати:

Индијана – Хјустон 115:102
Орландо – Торонто 113:114
Атланта – Милвоки 121:127
Њујорк – Голден Стејт 102:114
Чикаго – Кливленд 117:139
Минесота – Филаделфија 126:112
Сан Антонио – Бруклин 127:113
Феникс – ЛА Клиперс 119:117
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 136:115

Текстот (Видео) Феникс за 12 минути надополнија минус од 23 поени и ги победија Клиперси е превземен од МАКФАКС.