Фудбалерите на Баер Леверкузен ја продолжуваат трката со Баерн за титулата во Биндес лигата, откако во Франкфурт го победија Ајнтрахт со 4:1.

Баер веќе имаше големо водство по првото полувреме (1:3), а победата ја потврди во вториот дел од натпреварот (1:4).

Се се случуваше од 26. до 33. минута од натпреварот. Најпрвин Нејтан Теља погоди за 1:0 на асистенција на Гранит Џака, а Норди Мукиеле три минути подоцна погоди за 2:0.

На 3:0 зголеми Патрик Шик во 33. минута, по додавањето на Алекс Грималдо – 3:0.

Ајнтрахт успеа да ја намали негативата во 37. минута, кога Уго Екитике погоди за 3:1.

Сепак, на средината на вториот дел Баер успеа да ја потврди победата. Конечниот резултат го постави Алеиш Гарсија во 62. минута. .

Баер е на второто место во Бундеслигата со 53 бодови, осум помалку од лидерот Баерн Минхен, додека Ајнтрахт е на третото место со 42.

Во следното коло Баер ќе го пречека Вердер Бремен, а Ајнтрахт ќе биде домаќин на Унион Берлин.

24. коло во Бундеслигата

Лајпциг – Мајнц 1:2 (1:0)
/Симонс 2 – Амири 52, Буркарт 58/

Хајденхајм – Борусија Менхенгладбах 0:3 (0:2)
/Хак 8, Енгуму 18/

Вердер – Волфсбург 1:2 (0:1)
/Вимер 6, 48/

Бохум – Хофенхајм 0:1 (0:0)
/Бишоф 72/

Сент Паули – Борусија Дортмунд 0:2 (0:0)
/Гираси 50, Адејеми 58/

Текстот (Видео) „Фармацевтите“ фуриозно минаа низ Франкфурт е превземен од МАКФАКС.