Русија синоќа изврши напад со дрон врз електроенергетскиот систем што ја напојува железницата во регионот Дњепропетровск во централна Украина, соопшти украинската државна железничка компанија „Укржализиница“.

Делови од железничката мрежа останаа без струја, но сообраќајот не беше во застој, додаваат тие. Откако службите за итни случаи пристигнаа на местото на нападот, Русија го изведе вториот напад познат како „double-tap“ – „двоен напад“, велат од Укржализињица, додавајќи дека нема жртви.

„Значи, вака изгледа пауза во нападите врз енергетската инфраструктура“, додаваат, алудирајќи на вчерашниот договор на рускиот претседател Владимир Путин да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.

Кремљ објави дека Путин се согласил на ограничен прекин на огнот и веднаш издал наредба до војската да престане да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.

Текстот (Видео) Украинците објавија снимка од напад: „Значи вака изгледа паузата на Путин во нападите?“ е превземен од МАКФАКС.