Украинските сили за прв пат соборија два руски амфибиски авиони Бе-12 Чајка на окупираниот Кримски полуостров, објави утрава украинската воена разузнавачка служба (ХУР).

Нападот е извршен на 21 септември од страна на специјална единица на ХУР наречена Примари, се вели во соопштението. Објавено е и видео од нападот.

„Ова е првиот напад врз Бе-12 во историјата“, соопшти агенцијата. Бе-12 Чајка, советски амфибиски авион познат под НАТО ознаката „Mail“, е специјализиран за борба против подморници и е опремен со системи со висока вредност за откривање и уништување подморници.

Одделно, ХУР тврди дека украинските војници собориле и руски хеликоптер Ми-8. Еден ден претходно, истата агенција објави дека уништила три руски хеликоптери Ми-8 и радарска станица во Крим.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Украинците објавија снимка: „За прв пат погодивме два руски воени хидроавиони“ е превземен од МАКФАКС.