Украинската безбедносна служба (СБУ) објави дека го оштетила Кримскиот мост со подводни експлозиви. Украинското разузнавање, исто така, сподели видео на кое се гледа експлозијата.
„Подводните потпори на столбовите се сериозно оштетени на долното ниво“, тврди СБУ.
СБУ провела нову унікальну спецоперацію і втретє вразила Кримський міст — цього разу під водою!
Операція тривала декілька місяців. Агенти СБУ замінували опори цього незаконного об’єкта.
➡️ https://t.co/Rf4fR7QDXk pic.twitter.com/wgsS4HoCbc
— СБ України (@ServiceSsu) June 3, 2025
Операцијата е резултат на „месеци“ работа, соопшти СБУ, додавајќи дека 1.100 килограми експлозив биле детонирани во 4:44 часот утрово без цивилни жртви.
Русија ја обвинува Украина за „терористички напади“ врз железнички мостови
Рускиот државен истражен комитет ја обвини Украина за извршување „терористички напади“ во текот на викендот, уништувајќи два железнички моста во руските региони Курск и Брјанск, објавува британскиот Гардијан.
Според тврдењата објавени на Телеграм од страна на Истражниот комитет, нападите биле насочени кон цивили, а во судирот на два воза загинале седум лица, а повредени се уште 113 – вклучувајќи деца. Руските власти досега не презентирале никакви дополнителни докази во поддршка на овие тврдења.
Русија: Сообраќајот преку Кримскиот мост е обновен
Руските власти објавија на Телеграм дека патниот сообраќај преку Кримскиот мост е обновен денес попладне.
Безбедносната служба на Украина (SBU) ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека мостот бил погоден од подводни експлозиви – и патниот и железничкиот дел од структурата.