Видео од турист кој решил да го помине одморот во природа кружи на социјалните мрежи. Поради оваа причина, тој поставил шатор, и следело морничаво изненадување.

Имено, кога ги отворил очите, видел огромна мечка пред себе, на мала оддалеченост.

Како што може да се забележи на видеото, човекот успеал да ја задржи смиреноста и да ја вклучи камерата, која го снимила љубопитниот див ѕвер.

За среќа, мечката не била премногу заинтересирана за гостинот, па по некое време се оддалечила и исчезнала во шумата.

Текстот (Видео) Турист лице в лице со мечка пред шаторот е превземен од МАКФАКС.